Војвотката од Сaсекс, Меган Маркл и принцот Хари пред неколку месеци станаа родители на нивниот син Арчи.
Иако отогаш е повеќе посветена на својот син, Меган сега одлучила да замине во Њујорк за да ја подржи својата пријателка Серена Вилијамс во финалето на „US Open“.
Наводно, принцот Хари и малиот Арчи не заминале со војвотката, а таа отпатувала со комерцијален лет.
Се претпоставува дека Меган се одлучила за ваков лет бидејќи не сака да крева тензии во јавноста.
Меган до раните утрински часови го следела финалето на „US Open“, а сепак рано изутрина одлучила да се врати во Лондон.
Извор близок на семејството изјавил дека била возбудена што ќе патува и ќе ја подржи својата пријателка.