После настапот на големиот концеррт во Охрид со Маја Беровиќ и Раста што за него го одбележа ова лето, како и многубројните настапи во клубовите низ Македонија, после промоцијата на два хит сингла – последниот ‘GRAN TURISMO’, конечно одмор и за него…
Раперот и пејач Таско во жешко издание на жешкиот песок, одмара на плажите на Халкидики. Девојки уживајте во ретките фотографиите каде што Таско го сонча убаво тонираното тело. Неговиот Инстаграм профил е преполн со несекојдневни и интересни видеа како вози скутер, како со скока во вода и прави салто нанапред, се смешка под вода и праќа бакнежи до сите негови обожавателки…
Момчето навистина има голема физичка кондиција која и тоа како му е потребна за неговите ангажмани.
После одморот од неколку дена, следна дружба на Таско со неговите фанови е оваа сабота во клубот “Живот е циркуз” нас. Илинден Скопје.
Во меѓувреме погледне ги водените лудории на Таско – „Салто мортале“, со предупредување: Не правете го тоа ако не знаете колку е длабоко до дното и што има на него.