Кантри пејачката Кајли Реј Харис (30) сношти загина во сообраќајна несреќа во Ново Мексико.
Таа тргнала кон градот Таос каде требаше да учествува на еден фестивал, а нејзината публика и познаници беа особено растажени поради фактот што непосредно пред нејзината смрт, таа објавила на своите приказни на Инстаграм фотографија на која плаче.
Таа додала дека за овој град ја врзуваат многу спомени и убави сеќавања со сестра и татко и, кој повеќе не е меѓу живите, па заради тоа и се расплакала.
Пејачката објаснила дека иако е многу уморна, е среќна што конечно пристига во Таос после 12 часа.
Пејачката зад себе остави шестгодишна ќерка, а нејзиното семејство побара од новинарите и од јавноста да ја почитуваат нивната тага и приватност.