Радио Милева

Принцот Хари одговори на критиките за тоа што го нарекоа лицемерен бидејќи лета со приватен авион

Принцот Хари одговори на критиките за тоа што го нарекоа лицемерен бидејќи лета со приватен авион

Со оглед на нивната заложба за заштита на животната средина, многумина ги нарекоа лицемери за искористување на опциите за приватно летање.

На лансирањето на Травелист, Одржливата иницијатива за патување, која се одржа во Амстердам, Хари реши да објасни зошто тој и неговото семејство сепак избрале приватни летови наместо комерцијални летови. Дури четири пати за само 11 дена, неговото семејство летало со приватен лет.

– Денес пристигнав овде на комерцијален лет. Во 99% од случаите патувам со комерцијални авиони. Повремено, приликите се такви што морам да се грижам за безбедноста на моето семејство, затоа патував приватно. Навистина е толку едноставно “, изјави Хари пред новинарите.

фото:инстаграм

Хари и Меган со синот Арчи заминале на одмор на Ибица и го посетиле славниот пејачк и нивниот пријател, Елтон Џон. Пејачот, откако ја критикиваа кралската двојка, одлучи да излезе и објасни дека приватниот авион е неопходна работа за нивната безбедност, како и тоа дека тој им го платил летот.

фото:инсатграм

Се огласија и други други познати личности, како што е пејачката Пинк и водителката Елен Деџенерес, која исто така е лута затоа што постојано се жалат на војводата и војвотката од Сасекс.

To top