Популарниот пејач Никола Роквиќ за своите следбеници на Инстаграм сподели како имал многу интересна средба со светската фудбалска легенда. Станува збор за Диего Марадона.
Поточно, пејачот објасни како се запознал со поранешниот фудбалски крал и се сликал со него, и објаснил како дошол да го направи ова нему омилено селфи. Иако во прв момент славниот Аргентинец не сакал да се слика, пејачот успеал да го убеди, а еве и како:
„Интересна приказна за тоа како е направена оваа фотографија! Финале на Мундијалот во Москва, го гледам во ложата Марадона… Се приближувам и барам фотографија, а тој вели: „Не може“. А јас како од топ: „Но, јас сум од Србија“! Вели Марадона: „Е тогаш, може“ – објаснува Роквиќ на социјалните медиуми.