Иако календарски се уште е лето и надвор владеат високи температури, на одморите им се гледа крајот, а луѓето се враќаат на секојдневните обврски.
Така, неодамна започна новата учебна година, а учениците се вратија во школските клупи и на своите обврски.
На некои од македонските јавни личности децата тргнаа во прво одделениe.
Ќерката на Милена Антовска, Лана Марија оваа година првпат тргна во градинка, а овие убави вести Антовска ги сподели на социјалните мрежи.
Во кратките приказни на „Инстаграм“, водителката сподели фотогафија од нејзината ќерка: „Љубовта моја прв ден во градинка“ напиша Милена.
За оваа прилика, таа за својата ќерка одбра бели кратки панталоничиња во комбинација со сина маичка.
Со насмевка на лицето и со знак на „лајк“, малата Лана се приклучи на своите нови другарчиња.
Од друга страна, ќерката на Тамара Тодевска, Хана се врати во градинка.
Во жолто здолниште и бела маичка, Хана позираше пред камерата за првиот ден од градинка за оваа учебна година.
Двете девојчиња изгледаат преслатко, а веруваме дека ќе нижат само успеси и нивните родители ќе ги направат горди.