Радио Милева

Бритни Спирс го изгубила старателството над децата?

Бритни Спирс го изгубила старателството над децата?

Како што пренесуваат странските медиуми, американската пејачка Бритни Спирс наводно го изгубила старателството на децата, синовите Шон и Џејден затоа што еден од нив го нападнал нејзиниот татко Џејми Спирс.

Поранешниот сопруг на поп ѕвездата на 25 август го пријавил Џејми во полиција бидејќи тој наводно го нападнал неговиот син.

Наводно, кавгата се случила на 24 август, а наводно Џејми кренал рака на внукот.

Деталите за оваа случка во јавност се појавиле неколку часа по случката бидејќи американските медиуми дошле до судските документи, во кои пишува дека поранешен сопруг на Спирс добил 70% над старатеслтво над децата,додека пак Бритни добила 30%.

Кевин и Бритни досега го делеа старателството, а наводно овој договор го имале од 2018 година.

Меѓутоа, сега некои медиуми пишуваат дека наводно Бритни го изгубила старателството над децата.

 

 

To top