За два дена започнува третата сезона на реалното шоу „Задруга 3“ каде што ќе учествува и Дарко Спејко.
Српскиот портал Курир.рс пишува кои ќе бидат најплатените учесници кои таму ќе поминат 10 месеци.
Најмногу ќе заработи Гаги Ѓогани, кој за една недела во „Задруга“ ќе добива 2 000 евра.
По него се наоѓаат Сашка Каран, како и Марија и Миљана Кулиќ. Тие три индивидуално ќе заработат по 1 500 евра на неделно ниво. Освен тоа, Кулиќ ќе има и дадилка за која ќе се плаќа 500 евра.
Тие ќе ги имаат сите привелегии за нега на детето, баш како и во претходната сезона, кога имале посебен апартман, дадилка и забрана за снимањето на детето.
Далила и Дејан Драгојевиќ, како и Стефан Кариќ ќе заработуваат по 1000 евра неделно.
Продукцијата ја побарала и Ана Кораќ, а за нејзиното учество и понудиле 800 евра на неделно ниво. Таа се уште не огласи дали ќе учествува.
Многу од идните учесници во „Задруга“ потпишале договор со посебни барања односно да не бидат финасиски казнети. На Далила, Марија и Миљана Кулиќ ќе бидат поштдени од финасиска казна, но ќе бидат дисвалификувани ако ги прекршат правилата.