Британската принцеза Шарлот се поздрави со пријателите од градинка и се подготви за следниот возбудлив чекор – почетокот на училиштето.
Принцезата ќе биде свечено примена во училиштето „Thomas’s Battersea“ , каде што веќе оди нјезиниот постар брат.
Кејт објасни дека Шарлот се радува што ќе оди во училиште кое се наоѓа во близина на кралската палата.
Нејзините родители, војводата и војвотката од Кембриџ, ќе ја остават пред училишната врата како и сите мајки и татковци.
Името на малата принцеза е Шарлот Елизабет Дајана, а нејзиниот службен назив е принцезата Шарлот од Кембриџ.
Тоа е едно од најугледните училишта во Велика Британија, наменета за ученици од 4 до 13 години.
Ќе учи француски, сметководство, ликовна уметност, музичко,балет и глума.
Раководителот на училиштето ијзавил дека е среќен што ќе учи еден член на кралското семејство.
„Се радуваме на новата учебна година и им посакувам добродојде на принцезата Шарлот и на останатите ученици“ изјави раководителот.