Радио Милева

Фановите на Евровизија разочарани: Еве каде ќе се одржи музичкиот натпревар следната година

Фановите на Евровизија разочарани: Еве каде ќе се одржи музичкиот натпревар следната година

Победник на годинашниот евровизиски музички натпревар беше Холандија, чиј претставник Данкан Лоренс направи вистински бум со песната „Аркада“.

Тој ја воодушеви целата публика на стариот континент и многу се зборуваше за тоа каде ќе се одржи Евровизија следната година.

фото:јутјуб/принтскрин

Иако се очекуваше Евровизија да се одржи во Амстердам, има некои промени, така што во 2020 година ќе ги слушнете најдобрите европски песни од Ротердам. Првата полуфинална вечер е закажана за 12 мај, додека финалето ќе се одржи четири дена подоцна, на 16.05 2020 година.

Многу фанови на ова шоу беа разочарани, бидејќи очекуваа градот Амстердам да биде логичен домаќин, како еден од најлибералните градови во Европа.

фото:јутјуб/принтскрин

Сепак, Ротердам победи, според критичарите и експертите, така што Евровизија ќе се одржи во голема арена изградена во 1970 година, моделирана на пристаништето во Ротердам.

To top