Илма Карахмет се прослави пред шест години во музичкиот натпревар „Икс-фактор“ кој се емитуваше на ТВ Пинк – таа во тоа време имаше само 13 години, а некои од најголемите регионални поп- sвезди го фалеа нејзиниот глас. Извесно време Илма се повлече од сцената, а потоа се врати со нова песна.
Овој пат, Илма соработуваше со Бане Опачиќ, која ги напиша музиката и стиховите на нејзиниот нов сингл, „Ништо твое“.
Сега младата пејачка ни носи сосема поинаков звук и емотивна приказна, која беше претворена и во видео под режија на Јасмин Пивиќ, а водечки машки актер е славниот босански актер Армин Омеровиќ.
Значително зрела, Илма ќе ги потсети сите колку добро пее со оглед дека оваа е нејзината петта песна по ред.
Младата пејачка ја паметат сите од натпреварот „Икс- фактор“ каде стигна до финалето, но многу повеќе во музичкото шоу „Ѕвезди“ во кое победи.
Иако е доста млада, опдносно има само 19 години, Илма се реши да заплови да заплови во брачните води и да му каже „да“ на својот сакан.
Слушајте ја песната на Илма Карахмет „Ништо твое“ од видеото подолу: