Радио Милева

Сака нов дом далеку од палатата: Меган Маркл се враќа во Америка!?

Сака нов дом далеку од палатата: Меган Маркл се враќа во Америка!?

Откако стана војвотката од Сасекс и се омажи за принцот Хари, Меган Маркл никогаш не престана да „крева прашина“ околу себе! Таа, наводно, сега одлучила да го продолжи животот со сопругот надвор од Велика Британија.

Поранешната актерка предизвика поделени мислења и реакции од луѓето ширум светот околу нејзиното однесување, а во медиумите се појавија информации дека Меган и Хари планираат да се преселат во Америка.

Едмунд Фрај, долгогодишен пријател на парот, изјави дека двајцата се решени да го чуваат своето гнездо подалеку од кралскиот двор. Поточно, според Едмунд, Меган и Хари разгледуваат недвижнини во Малибу, Калифорнија.

фото:инстаграм

Градот е одлична туристичка атракција, а многу холивудски sвезди имаат дом таму, како што се Леонардо Ди Каприо, Ким Кардашијан и други.

“Меган и Хари бараат куќа овде. Слушнав дека се заинтересирани за Малибу. Знаејќи ја Меган и сфатив дека и недостасува нејзиниот дом. Меган е девојче родено во Лос Анџелес, израснато таму, пријателите и се таму и многу други важни личности во нејзиниот живот .

„Невозможно е да се живее без стрес и голем публицитет. Лос Анџелес и Калифорнија се големи, лесно е да се оддалечите со семејството на некои места и да се исклучите од останатите“, изјави Едмунд за „Дејли експрес“.
Патем, неодамна Меган и Хари наидоа на критики во јавноста за преголемо трошење, кое вклучуваше 2,4 милиони фунти за реновирање на домот во Виндзор.

To top