Во октомври, шоуто „ТЛЗП All Stars“ започнuva да се емитува на „Прва“ српска, а порталот „Блиц“ го објави конечниот список на учесници.
Во новата сезона ќе се соберат старите sвезди на ова шоу, а водител ќе биде Мерија Килибарда.
Како што дознаваме, покрај тоа што Килибарда се врати како водителка, многу други изненадувања ги чекаат гледачите.
Концептот на шоуто нема да се промени и на победникот на секоја епизода ќе продолжи да му се доделува парична награда која ќе ја додели хуманитарно.
Покрај Пагонис, во претставата ќе учествуваат уште девет натпреварувачи меѓу кои и еден македонски кандидат.
Списокот е овој: Ненад Пагонис, Едита Арадиновиќ, Ненад Кнежевиќ –Кнез, Ивана Петерс, Катарина Богиќевиќ, Жељко Шашиќ, Алекса Јелиќ, Драган Којиќ-Кеба и нашиот Даниел Кајмакоски.
За потсетување, Даниел беше победник во 2016 година, а освоените 25 илјади евра ги донираше во хуманитарни цели за лечење на две дечиња од Куманово.
Освен Кајмакоски во ова шоу од македонските кандидати учествуваа Елена Ристеска и Тијана Дапчевиќ.
фото:инстаграм