Нова сезона на реалнот шоу “Задруга 3“ започнува од 6ти септември, а учесниците пред влезот поминаа низ лекарски преглед.
Најмногу внимание привлече таткото на победничката на „Задруга 2“ , Луна Џогни, Гаги Џогани кој отрки дека на имотот ќе има секс по цел ден, баш како и неговата наследничка.
„Во реалното шоу влегувам расположен и подготвен за се што ме чека. Не бегам од љубовта ако таму ми се случи. Влегувам со паролата “никогаш не вели никогаш“, а ми е драго што ме подржа и Луна. Таа знае како е внатре, таа се сретна со љубовта и љубовните односи. Ми кажа да бидам таков каков што сум и да е однесувам природно. Ми кажа дека морам да се контролирам и да не наседнувам на провокации бидејќи сите се трудат да ги испровоцираат натпреварувачите за да бидат дисквалификувани“ изјави Гаги.
Гаги објасни дека влегувањето во реалното шоу ќе го сфати сериозно, па на останатите учесници им порача дека може да очекуваат борба.
„Влегувам подготвен и знам дека ќе борам така како што знам. Ќе бидам искрен и ќе се трудам да бидем свој за да може публиката да ме запознае на свој начин. Секако, очекувајте сешто“ изјави Гаги.