Луна Ѓогани неодамна ја промовираше својата прва песна „Девети круг“ која веќе има осум милиони прегледи на интернет каналот Јутјуб.
Песната стана популарна, а она што е интересно е дека на победничката на реалното шоу „Задруга 2“ во оваа песна придружни вокали пее нашата Пинк ѕвездичка Антониа Гиговска.
За брзо време откако песната беше пуштена во јавност се појавија коменрари дека Луна воопшто не пее на песната, туку Антониа.
Неодамна во интервју за емисијата „Премиера“ Гиговска проговори токму за соработката со Луна.
-Девојката ми пиша на Инстаграм, ми рече: „Еве снимаме, дали може да дојдеш, би ми било драго ти да ги пееш придружните“. Јас и реков дека не можам тогаш, дека ќе дојдам утре, задутре и тоа така испадна. Луна навистина ер супер девојка, мене навистина ми беше убаво додека работев со неа. Таа само што почна и мислам дека и треба голема подршка, вели Антониа.
Инаку, првите настапи во својата штотуку почната кариера, Луна ќе ги започне во Македонија, односно во Струмица и Кавадарци.
Интервјуто со Антониа погледнете го од 05:27 минути од видеото во продолжение:
https://www.youtube.com/watch?v=RdJiviAiuG0