Радио Милева

Му пушти јазик: Кој го излижа Стојанче Стоилов? (ФОТО)

Му пушти јазик: Кој го излижа Стојанче Стоилов? (ФОТО)

Македонските ракометари ги одиграа последните два меча од втората фаза на ЕП во Хрватска. Желбите измешани со емоциите и можностите и кај ракометарите и кај целокупната македонска јавност. Концетрирани на она што ги очекуваше, репрезентативците наоѓаат и по малку време за опуштање и релаксација.

Интернетот и социјалните мрежи се можност да останат во контакт со најблиските, но и да споделат по некоја фотографија или видео… Се разбира, секој од она што во моментот го преокупира, го мачи, му недостасува…

Така и нашиот пикер Столе Стилов на својот профил постираше „Инстаграм сторија“. За да покаже колкава е неговата љубов и колку му недостаува. А на видеото и фотографиите – скок во неговите силни прегратки, куп емоции и љубов… со пуштање јазик!  Ама знаете ли кој го „излижа“ Столе Стоилов? Нееее… не е тоа што мислите! Или можеби е токму тоа!?

Оние што имаат домашни миленичиња, особено кучиња, знаат како е!  Знае и тој – Гац, англискиот булдог на Столе, кој од кој неговиот газда не се двои, а ракометарот со себе го води секаде и секогаш кога може.

Беа принудно разделени разбирливо, па затоа можеби емоциите и носталгијата го надвладаа нашиот пивотмен, кој го сподели видеото на Инстаграм.

А, за теоријата, дали кучињата личат на својот газда… Заклучете сами!? И откако ќе заклучите, преиспитајте се, на што мислевте: на изгледот или карактерот?

 

To top