Радио Милева лет над гнездото на гулабицата

Македонската фолк ведета се врати со два хита: Ова е Вале – „Гулабица“ секако, пуштена на најјако! (ВИДЕО)

Македонската фолк ведета се врати со два хита: Ова е Вале – „Гулабица“ секако, пуштена на најјако! (ВИДЕО)

Вале Гулабица се прослави со видео записот за нејзиниот тогаш најголем хит „Џони Далавера“ во кој се појави во извадена црвена танга од фармерките. Потоа ги испеа:  „Не им верувај на мажите“, „Нека грмат громови“, „Тој ќе дојде“ и… како што се појави преку ноќ, така и ја снема.

Дали тоа славата која ја здоби преку ноќ и го поремети секојдневието, па Гулабица реши да се повлече и да им препушти на другите пејачки простор да почувствуваат барем дел од вниманието кое го доби таа. Можеби и беше така, се до ова лето.

Да вистина е, Вале Гулабица се врати! И има не еден, туку два нов хита со многу длабоки и суштински стихови кои баш секој и не може да ги смисли и напише. За музиката и да не зборуваме. Ремек дело на македонските аграр – фолк композитори. Ама сепак, видеоспотовите се шлагот на тортата.

Во нив аграрно, земјоделско – фолклорни сцени со врвна драматургија глума, еротски набој и старата пасија на пејачката: црвените гаќички!

До душа овој пат во комбинација со розов пењуар во жешките сцени!

Дури  откако ќе ги видите видеоспотовите, толку ќе се воодушевите што ќе посаката одново и одново…  да ја слушате и видите македонската фолк ведета. Вале – „Гулабица“ секако, овој пат пуштена на најјако!

Потоа цел ден ќе си ја потпевнувате: „Да, да, вистина, и кафето истина, ај друго ќе ставиме, оваа ноќ ќе славиме.“

Или онаа, втората: „Маска е душо, маска е кога ме гледаш убава…“

А, сега ислушајте ги  внимателно обата „хита“  на македонската естрадна „Гулабица“ и погледнете ги двата видеоспота, ама до крај… ако можете!

 

To top