Социјалните мрежи речиси за секого станаа завист без која „не се живее“, за едни е само за забава, за други место за фаќање сеир, за трети чисто да се биде во тек, а пак за некои од познатите инфлуенсери и начин да се заработи.
ТВ водителката Јелена Спенџарска е една од најактивните косисници, а некогаш знае да се пошегува дека нејзините објави можеби им ги блокирале телефоните на следбениците.
Иако нејзиниот профил, а и на сите останати е слика за еден совршен и розов живот, реалноста сите знаеме дека е сосема поинаква, а Јелена токму за тоа напиша статус во кој вели дека социјалните медиуми се само површинскиот дел на санта лед.
-Ок, сега слушајте добро. Мнооогу често луѓето ќе ми го прегледаат Инстаграм профилот и мислат дека во пет минути можат да ја раскажат цела моја животна приказна. Не! Чекајте малце другари! Без разлика колку длабок и искрен е некој пост, Инстаграм (и социјални медиуми воопшто) е само површинскиот дел на санта лед кога станува збор за она што навистина се случува во нашиот живот! Се случувало да се исплачам во јавно ве-це пред да објавам насмеано селфи и да имам страшни нервози, а требало да постирам весело стори. Така понекогаш функционираат работите кај секој од нас и тоа не е неискреност – тоа е приватност. Затоа, престанете со тоа дека добро познавате некој само затоа што често постира на инста. На секој му се случува нешто, секој го минува својот животен пат различно од вас и тоа не значи дека тие луѓе се „fake“ или дека нивните проблеми немаат своја тежина. Сите ние имаме периоди, имаме мани, само што ретко кој ги постира. Затоа „Stop talking s*it and start living YOUR OWN life!!“ , завршува водителката.