Радио Милева кој разбрал - разбрал, кој не...

Викторија Јаначковиќ се соблече, па вербално ги „заплеска“ македонските силиконски убавици (ФОТО)

Викторија Јаначковиќ се соблече, па вербално ги „заплеска“ македонските силиконски убавици (ФОТО)

Јавноста ја познава како некогашна мисица, манекенка, топ модел… По в0кација лекар, поточно дипломиран стоматолог, кој влета во политиката каде беше шефица на кабинетот на заменик министерот за култура во владата на Никола Груевски.

Набрзина се омажи, уште побргу се разведе, излезе од политиката, одново ја смени професијата… Смени речиси се’ освен две работи: убавината и слободата на говорот, зашто Викторија Јаначковиќ и понатаму им пркоси и на годините и на оние на кои се што има да им каже, им го кажува јавно, отворено, в лице.

Позната како дама „без влакна на јазикот“ најсексапилната забарка одвреме-навреме и се враќа на модата, позирањето, фотомоделството… Повеќе онака, од хоби и задоволство, за своја душа и свој ќеиф, отколку строго професионално, но сепак покажува дека убавината, атрактивноста, шармот, сексапилот се’ уште ги носи во себе како во најдобрите денови од раната младост, па дури и повеќе од тоа. Зашто некои жени, меѓу кои е и таа, својата катарза ја достигнуваат токму во годините на зрелоста.

Овој пат Викторија реши уште еднаш да ја покаже својата „сикрет“, па се расоблече и разголе пред фотобјективот на  уметничкиот фотограф и режисер,  Драган Ристовски – Дац.

Во еротскиот сет од уметничката фотосесија, Јаначковиќ го покажа сиот свој телесен раскош… Само за разлика од многу други – потполно природен!

Патем, не одолеа, па не можеше да додржи покрај една од фотографиите од фотосеансата да го каже она што го мисли, секако, во вид на постиран текст:

„Редно е да ви проработат мечтите низ суптилна уметност. Без оноа на што се палите секојдневно. Фејк филтери и ботокси, силиконски га*ови, уста 5 минути пред неа и празен поглед. Оправете се!“ – им порача Викторија на македонските силиконски убавици или поточно, на оние што се палат на нив. Па кој сфатил -сфатил. Кој не… негов проблем!

Фото: Инстаграм принтскрин/viktorija_janakjkovikj

To top