Емир Хабибовиќ, кого починатиот крал на народната музика, Шабан Шаулиќ, со право го нарече свој наследник, ја испеа со Илда Шаулиќ песната што претходно покојниот фолк великан ја сними во дует заедно со својата ќерка – галеничка во 2010 година.
Сето тоа се случуваше на една прослава, а гостите паднаа во „севдах“ кога ги слушнаа зборовите на песната „Не свртувај се, ќерко“, која пејачите ја отпеаја со силна емоција во нивниот глас. Сватовите се разнежниле до таа мера, што дури некои од нив и плачеле под наплив на интензивните емоции.
Жалоста за Шабан не поминува, но тоа е спомен што ќе живее засекогаш заедно со неговите песни, преку неговите наследници.