Српската пејачка Милица Павловиќ по гламурозната прослава на својот роденден, каде направи незаборавна журка за своите најблиски пријатели и соработници, реши малку да „крене рачна“ и да си даде оддишка на душата и телото, па отпатува на егзотична дестинација.
Миконос е едно од оние места на кое најчесто можеме да ги видиме познатите личности од целиот регион, па затоа и секси сењорита го одбра овој грчки остров за својот одмор. А, таму Милица со гордост покажа како ужува на Миконос.
Базени со морска вода и морнарски едноделен костим за капење, во кој пејачката го сместила своето извајано тело, кое жедно ги впиваше сончевите зраци за да го потемни тенот…
Отприлика така Милица го минуваше денот, а ноќта? Ноќта е создадена за забава во лабава, опуштена атмосфера, време како створено за журка на отворено.
Пред спиење малку да се погледнат музички спотови и „да се купи“ некоја „фора“ од светските ѕвезди.
Утрото со прогноза за денот, а прогнозата иста:
Драги гости уживијте во сончевиот ден и вашите златни сништа!