Веќе неколку месеци наназад се пишува дека нема да дојде до снимање на третиот дел од мега популарниот филм „Сексот и градот“.
Најголемиот проблем е актерката Ким Катрал која ја игра улогата на Саманта.
Таа дефинитивно нема да ја игра улогата во продолжението, но на продуцентите им даде предлог која секси колешка може да ја игра нејзината улога.
-Софија Вергара е дама една од оние кои можат да се најдат во ликот на Саманта Џонс. Верувам дека одлично би го играла ликот на свој начин, вели Ким.
Сепак, обожавателите не се воодушевени од тоа Ким Катрал да не биде дел од филмот на кој таа му даде огромен печат.