Граѓани оставија двосед во центарот на Скопје, пред Триумфалната порта.
Според нив, ова не е обичен кревет, туку посебен, на Катица Јанева.
Секако, станува збор за шега, но уникатната идеја се совпаѓа со актуелните случувања во земјава.
„Уапсената гарнитура на Катица“, „Специјален мебел“, „Распродажба“, „Катица беше тука“ – се пораките кои се напишани на цветниот двосед .
На него е оставено и парче женска долна облека. Според проценките, тоа со сигурност не и припаѓа на „специјалната“!