Мина Јоксимовиќ, ќерката на пејачот и композитор Жељко Јоксимовиќ, се врати од одмор, но како и обично, дури и откако уживаше во морето, останаа фотографии за објавување на социјалните мрежи кои потсетуваат на еден убаво поминат период.
Па така, Мина за нејзините следбеници на Инстаграм сподели фотографија во бикини, а на „стори“ објави фотографија која е насловена како веќе и недостасува плажата и морето.
Првата црно -бела фотографија на која седеше на лежалка и позира, таа ја наслови: „Живеам во 90-тите и во 00-тите“.
До Мина на следната фотографија е едео мистериозно момче, чиј идентитет очигледно сакаше да го скрие, па не е познато дали станува збор за нејзината посилна половина или е само пријател.
Инаку, Мина од неодамна се впушти во музичките води и тргна по стапките на својот татко, а многумина заклучија дека таа одлично пее.