Грција, Турција, Охрид… а сега и Црна Гора, за познатата ТВ водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска, летото се восприема во целост, од почеток до крај.
Се додека не залади, дувне есенско ветре,падне температурата и заврне дожд, но и почнат снимањата на новата сезона на „Се или нешто“, дотогаш Лила е на пат, на нова дестинација каде се полни со енергија, ја регенерира секоја мозочна ќелија и се храни со позитивна енергија.
Овој пат Лила се спакува и замина за Твиват- Црна Гора од каде како што е ред објави неколку фотографии, „стори“ и видеа за на своите следбеници да им каже и покаже односно сугерира за местото кое го избрала.
А рака на срце, секогаш го избира врвот, рајот за хедонистите.
View this post on Instagram
А со ново место покрај вода, мора да се носи и нов костим за капење, само што овој пат наместо бикини, изборот падна на син едноделен костим кој во пределот на бујните гради едвај ја собра.
На последната фотографија Лила целеше на зајдисонцето додека позира свртена со грб на јахта, но дури и последниот блесок од сонцето не беше толку силен за да гледаме во него, а не во раскошот на наша Лила!