Социјалните мрежи и натаму се главното место каде што за аферата „Рекет“ најмногу се полемизира. Од крајно сериозни медиумски текстови, преку „фејк“ написи до мајтап статуси и коментари.
Твитерџиите, фејсбукџиите, инстаграмџиите и јутјуберите не престануваат суровата реалност, да ја претстават од нејзината смешна страна. И навистина би била смешна, да не е трагична, ама…
Таква е и следната објава за тоа дека се најдени и останатите пари од „Рекет“ и каде ги криеле…