Ако некогаш беше табу да се зборува за естетските корекции, денес тоа воопшто не е случај.
Па така, се повеќе познати македонски дами, не се штедат и јавно да кажат дека направиле некаква промена на своето тело или на лицето.
Нашата славна ТВ водителка Лила Филиповска на социјалните мрежи на своите следбеници редовно им открива за сите козметички препарати кои ги користи, па дури и за оние кои се за зголемување на волуменот на усните.
Дека направила промена на градите, никогаш не призна јавно, но за усните често знае да нагласи какви производи користи.
Овој пат, Лила сакаше да го презентира накиотот кој го носи на себе, па за таа цел се фотографираше во крупен план, од кој освен накитот, во фокус се истакнаа нејзините големи волуменозни усни. Дали на нив има некаква промена, проценете сами.