Македонската манекенка, мисица и топ модел Емилија Розман често патува на различни дестинации по светот. Ревии, избори за мис, бизнис посети или само обични туристички тури, сеедно.
Долгоногата убавица постојано знае да направи егзотични фотографии, па постирајќи ги на социјалните мрежи да испрати порака ама и провокација.
Разголувањето е дел од професијата, па „госпоѓица розмантична“ нема скрупули да го покаже своето извајано тело сосе сите телесни атрибути со кои мајката природа ја обдарила.
Кај Емилија се’ е природно, па нејзината „натура фигура“ делува уште попривлечно, попримамливо и повозбудливо, особено ако е фотографијата провокативна.
А, Розман знае како да позира, колку да открие, а колку да покрие, до каде да се покаже, а до каде да остави возбудата да ја зголемуваат машките мечти и копнежи, поттикнати од волшебната игра на сетилата.
Розман на најновата фотографија од егзотичната дестинација како што е кнежеството Монако, сликана од птичја перспектива, лежи запенета во мермерна када и така разголена наздравувајќи со пијалок в рака, испраќа силна порака. Визуелно-еротска, ама и мотивациска, преку постираната максима: „Оптимизмот е вера која води до достигнување“… И не само едно, туку повеќе. Врвни, веројатно!
И не дека нема вистина во ова оптимистичко мото на запенетата убавица, иако има и друга страна на медалот. Некои други, кои себеси се сметаат за „оптимисти со искуство“, на разголената мисица и возвратија со своја реплика: „Ова оптимизам ко оргазам, го читав“!
Штета што не допишал какво е чувството по искуството, ама сепак…
Бидете оптимисти. Така е многу подобро… И веројатно многу повозбудливо!