Гледачите речиси секое утро имаат прилика да ја гледаат шармантната водителка Елена Стојановска на утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“.
Деновиве, освен Јована Стојменовиќ, одмора и нејзината колешка Елена која го користи летниот одмор, а работата е препуштена на колегите задолжени за утринско информирање се додека не дојде и нивниот ред.
Елена заедно со семејството е на море, а иако не ја откри локацијата, објави неколку фотографии на кои позира како сирена во бикини пред морското синило.
Црно-белото бикини на пруги, Елена го дополни со неколку минималистички парчиња накит, а пуштената коса ја остави да се вее на ветрето.
Мора да се признае дека Елена изгледа одлично, иако е мајка, но како и повеќето, пред извесен период таа се посвети на вежбањето во теретана и го фати редот пред да ја покаже оваа заносна става.