По приведувањето од дома со полиција, специјалната обвинителка Катица Јанева е донесена во просториите на Специјалното јавно обвинителство, а полиција го обезбедува пристапот до СЈО.
Дел од обвинителите од СЈО се внатре, додека тимот истражители врши претрес само во канцеларијата на Јанева. Полицајци вршат претрес и во нејзиниот дом во Гевгелија.
Според информации што ги објави порталот на ТВ Алсат, покрај специјалната обвинителка Катица Јанева, денеска се приведени и двајца политичари поврзани со случајот „Рекет“. Засега нивните имиња не се откриваат, но од Основното јавно обвинителство најавија прес конференција за во 14:00 часот.