Радио Милева заздравува од тешката инфекција

Катарина Грујиќ излезе од болница па проговори за пеколот низ кој мина: „Не можев да стојам, да се движам, да дишам… од болки“ (ФОТО)

Катарина Грујиќ излезе од болница па проговори за пеколот низ кој мина: „Не можев да стојам, да се движам, да дишам… од болки“ (ФОТО)

Катарина Грујиќ беше пренесена во болница каде остана цели две недели поради проблеми со бубрезите.

„Прв пат по долго време да се насмеам. Конечно ја напуштам болницата по две недели терапија и одмор во кревет. Продолжувам со терапија дома и да лежам во кревет и наредните 6 недели. Ќе ми биде полесно дома, со моите пријатели. Сега сум многу подобра отколку пред две недели кога дојдов овде. Не можев ни да шетам ниту да дишам. Овие беа навистина огромни болки, тоа не беше само воспаление на бубрезите, туку тешка инфекција. Ифала му на Бога,  се опоравувам “, рече Грујиќ.

Катарина се плашела дека ќе мора да и го отстранат бубрегот, но за среќа тоа не се случило.

“Имаше секакви приказни. Не знаевме дали тој треба да се извади. Фала му на Бога што не излезе така и бубрезите ми издржаа. Во август ги откажав сите настапи. Во септември ги проретчив, иако имав многу. Се обидувам да бидам подобро, за да можеме да ги направиме што е можно повеќе настапи што ме чекаат, да ја снимам п песната што треба да излезе како и новиот спот. Здравјето е сепак на прво место“ – ќе рече Катарина за српски „Ексклузив“.

Фото: Драган Кадиќ

To top