За време на учеството во „Задруга“, Луна Ѓогани помина низ пекол, се за заљуби во оженетиот пејач Слободан Радановиќ, поради што беше осудена од сите страни и етикетирана како љубовница.
Кога заврши целата оваа сага, Луна пронајде утеха кај Марко Миjковиќ и почна врска со него. Но, бидејќи работите не одеа во вистинската насока, двајцата имаа големи пречки. Сето ова многу драматично го доживеаја обожавателите на Луна кои според Гаги Ѓогани, не ретко плачеа за судбината на блогерката и новопечена пејачка.
Луна за Пинк.рс има потресна исповед за жена од Мекедонија која ја поддржуваше за време на нејзините две сезони на учество во „Задруга“, а која боледува од карцином.
-Додека ја снимав мојата прва песна во Македонија, запознав една дама која веќе две години ме следи, која ме сака безусловно, буквално гледајќи ме како нејзината ќерка. За жал, таа боледува од карцином, не знам каква е прогнозата, но знам дека е со променлива здравствена состојба, понекогаш е добра, некогаш е лоша. Таа имаше голема желба да ме запознае. Таа ми рече дека нејзината последна желба е да ме запознае и да ме види како насмеана и среќна. Ја исполнив нејзината желба и тоа е најмалку што можев да направам. Мајка ми и јас отидовме во нејзината куќа, таа ни беше домаќин, ние спиевме кај неа. Кога влегов во нејзиниот дом, чувствував толку позитивна енергија што видов колку е полна со љубов оваа жена и колку може да сака. Додека споделувавме некои ситуации, кога таа ми кажа како ме доживува, како ме следи и како плаче за мене, јас само си реков: „Боже, ти благодарам што сум здрава и го одржуваш моето семејство здраво“. Мислам дека човекот нема нешто ако не е здрав. Во оваа пригода, сакам да заблагодарам за сè, таа толку малку бара, а заслужува многу повеќе “, зборуваше Луна со грутка во грлото.