Радио Милева

Елтон Џон во одбрана на Меган Маркл и принцот Хари: „Јас им го платив патот!“

Елтон Џон во одбрана на Меган Маркл и принцот Хари: „Јас им го платив патот!“

Елтон Џон, долгогодишен пријател на покојната принцеза Дајана, напиша дека смета дека е негова должност да го заштити младото семејство од медиумите, со оглед на неговата блискост со мајката на Хари, обвинувајќи ги медиумите дека придонеле за нејзината прерана смрт.

Тој во твитот тврди дека заедно со неговиот партнер Дејвид биле тие што му платиле на Хари и Меган за летот со приватниот авион затоа што сакале да имаат високо ниво на на безбедност.

„После напорна година напорна работа и посветеност на добротворната работа, Дејвид и јас сакавме едно младо семејство да има приватен одмор во безбедност и мир“, напиша Џон.

фото:инстаграм

Принцезата Дајана беше убиена во Париз во 1997 година, а седум фотографи беа обвинети за несовесно убиство, но обвиненијата потоа беа намалени.

Медиумите внимателно ги следат неодамнешните патувања на војводата и војвотката од Сасекс, а особено за тоа со што тие превезуваат.

фото:профимедиа

Последниве денови на интернет кружат нејасни фотографии од кралското семејство како излегуваат од приватен авион, при што медиумите посочуваат дека ова е нивно трето приватно патување со авион ова лето.

Приказните за Меган Маркл во британските таблоиди се многу сурови во последниве години, па во 2016 година принцот Хари издаде невообичаено остра изјава во која ги осудува расистичките и сексистички медиумски наслови за неговата тогашна девојка и изрази загриженост за нејзината безбедност.

To top