Радио Милева

Италијанскиот милионер Џанлука Ваки се облече како жена и се врцкаше по танга (видео)

Италијанскиот милионер Џанлука Ваки се облече како жена и се врцкаше по танга (видео)

Џанлука Ваки (52) со години е во центарот на вниманието и е еден од сопствениците на најинтересните профили на Инстаграм кога станува збор за оние кои се заинтересирани да гледаат згодни жени, луксузни недвижнини, јахти, трошење пари…

Пред неколку дена, италијанскиот милионер повторно покажа дека знае многу добро како да привлече внимание, бидејќи објави видео од јахта, на кое ги плеска по задникот 4 жени кои доброволно се пријавиле за тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi) on

Но, тогаш тој беше обвинет за непочитување на жените, за претерување и дека е „премногу стар за тоа“, а неговата единствена порака – како одговор – беше „Опуштете се, научете да се шегувате“.

Потоа повторно се „шегуваше“ со следбениците, објавувајќи клип од него облечен во костим за капење танга, шапка на главата, здолниште и високи потпетици.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gianluca Vacchi (@gianlucavacchi) on

Џанлука се врцкаше, а потоа девојките му го направија она што тој им го направи на јахтата – го „удираа“ по задникот.
Видеото за 5 дена го погледнале од 5.000.000 луѓе.

Инаку, Џанлука не крие дека нема ниту еден ден работно искуство, тој поседува недвижнини низ целиот свет, а целосниот список на неговите средства е непознат за никого.

Како што е соопштено, покрај богатството што го име, големо наследство му оставиле богатите предци, Ваки, наводно, должи околу 10,5 милиони евра, што резултирало со заплена на јахта и дел од неговите недвижнини.

To top