Меган Маркл и принцот Хари пред неколку месеци станаа родители на нивното прво дете, синот Арчи, а сега парот заминале на прв заеднички одмор.
Според пишувањата на британските медиуми , Меган и Маркл на почетокот на август пристигнале на шпанскиот осторв Ибица каде се задржале пет дена.
На Ибица допатувале со приватен авион во придружба на обезбедување, а имале и неколку туристички водичи кои ги запознале со островот.
Ова не е првпат како Меган е на Ибица. Таа на овој остров беше и во 2016 година со модната дизајнерка и пријателка Миша Нона која и ги запозна Меган и Хари.
Детали за одморот на војвотката не се познати, па не се знае точно каде одмарале, но се претпоставува дека изнајмиле вила на помирен дел на островот.