Неодамна во српските медиуми осамна информација дека пејачот и композитор, Жељко Јоксимовиќ, отвора три нови кабловски телевизии, пренесува Курир.рс
Регулаторното тело за електронски медиуми на 4 јуни издало дозвола за кабловска телевизија за три канали – К1 студио, Стајл Фајл и ТВ ДР. Сите три телевизии припаѓаат на фирмата „Минакорд медиа“, која Јоксимовиќ ја формирал на 17 мај оваа година.
Според пишувањата на српски Курир, Стајл Фајл ќе биде наменета за деца, ТВ ДР ќе биде емисија за здравство, а К1 ќе биде музичка емисија.
Напрво потоа се појавија и шпекулации дека водителката и сопруга на Жељко, Јована Јоксимовиќ, нема да работи во една од телевизиите на сопругот поради договорот кој го има со ТВ Прва каде води утринска програма.
Поради многуте шпекулации на Жељко веројатно му „скисна“, па преку социјалните мрежи упати јасна порака:
-Ми заминаа сите водителки…Ќе морам сега сам да водам утринска програма… П.с Уозбилете се луѓе!- порача Жељко како дополнување на фотографијата каде седи на водителското столче и разгледува весници.