Познатата пејачка Радмила Манојловиќ доживеа мал пех на снимањето на емисијата на Гранд. Таа се појави во тесни припиени, бели панталони, кои не го издржаа налетот на нејзината става, па среде снимање, на бината пред сите, пантолоните и пукнаа .
Пејачката на снимање се појавила во бел комплет, а се гледа дека доста се потрудила целиот стајлинг дополнително да го зачини со новата боја на косата.
Се било во најдобар ред, додека во еден момент не се случила незгодата.
За среќа, вештите раце на костимографската екипа веднаш ја санираа штетата, додека некој од колегите на сексапилната пејачка се пошегува на нејзина сметка: „Вака затегната задница, тешко да издржи во волку тесно, а да не пукне…!“