Радио Милева

Новак Ѓоковиќ меѓу првите ја коментираше новата фотографија на Адријана Лима (фото)

Новак Ѓоковиќ меѓу првите ја коментираше новата фотографија на Адријана Лима (фото)

Пензионираниот ангел на „Викторија Сикрет“, Адријана Лима (38), на Инстаграм профил сподели фотографија на која е во друштво на своите ќерки Валентина (9) и Сиена (6), кои ги доби во бракот со Марко Јариќ (40).

– Дома со љубовта на мојот живот, Валентина и Сиена. Среќна сум што сум ваша мајка – напиша убава манекенка во насловот за фотографиите што ги објави.

Коментар под фотографијата прв објави најдобриот српски и светски тенисер Новак Ѓоковиќ (32), кој и се обрати на манекенката со „емотикони“.

фото:инстаграм/адријана лима

Новак и Лима се познаваат уште од 2013 година кога Адријана беше гостинка на добротворната забава на Новак во Њујорк.

Неколку месеци наназад, Лима честопати го поддржуваше Ноле од трибините и му праќаше поздрави и честитки.

To top