Кумановецот Дарко Петковски -Спејко во 2015 година победи во реалното шоу „Големиот брат“ и ја однесе наградата од 100 илјади евра.
Сега, четири години подоцна, Спејко повторно се реши на истиот чекор, а карантинот во кој со останатите учесници ќе биде затворен 12 месеци, е популарното регионално ријалити шоу „Задруга 3“.
Пред неколку месеци, уште додека беше во врска со струмичката блогерка Љупка Митрова, кажаа дека заедно би влегле за 100 илјади евра, но љубовната романса пропадна, а плановите останаа само за Дарко.
За месец септември се најавува и новата сезона на „Задруга 3“, а по доста шпекулации, Спејко пред камерата на естрадниот телевизиски магазин „Бекстејџ“ го потврди учеството.
Имено, за да не помине средбата само со класично интервју, „Бекстејџ“ направија жешка фотосесија со Дарко кој позираше сосема гол пред објективот на Дарио Јанковиќ.
Снимката од прилогот и фотографиите кои подоцна се појавија на социјалните мрежи, беа за „плакнење очи“ кај понежниот пол, а Спејко ја заскокотка фантазијата со минимално покрената интима.
Преку провокација и голотија, Спејко фрли мамец кон публиката за она што следува, а дали ќе му се посреќи како во „Големиот брат“ и ќе успее да се издвои меѓу останатите учесници во „Задруга 3“, ќе почекаме до 2020 година.