Кралското семејство постојано е под лупа на јавноста, а се вели дека избувнала нова расправија меѓу браќата, токму поради своите сопруги, а тоа ја изненади јавноста.
Една вечер, откако Кејт и Вилијам ги испратиле децата да спијат, Хари почнал со својот говор, што целосно ги шокирало војвотката и војводата од Кембриџ.
Целиот проблем започна затоа што тој тврди дека семејството не ја поддржува доволно неговата сопруга Меган во јавност, откриваат извори на палатата за странските медиуми.
За време на расправијата, Меган, наводно, седела до Хари со „камен“ израз на лицето. Кејт и Вилијам кажале дека немаат проблем да и дадат поголема поддршка на Меган, а Кејт според наводите на медиумите, следниот ден отишла кај нив со букет цвеќе.
Фактот е дека Меган и Хари се иселија од палатата Кенсингтон во „Фрогмор Ктиџ“, а обвинувањата дека односите меѓу војводите се лоши се сè почести.