Радио Милева

Поранешната сопоруга на Роман Абрамович, заедно со свршеникот, грчки милијардер, допатува во Хрватска (фото)

Поранешната сопоруга на Роман Абрамович, заедно со свршеникот, грчки милијардер, допатува во Хрватска (фото)

Даша Жукова, поранешна сопруга на сопственикот на фудбалскиот клуб Челси, Роман Абрамович, пристигна на одмор во Хрватска.

Таа допатува со својот свршеник, грчкиот милијардер Ставрос Ниаркос, а двајцата го посетија островот Млјет.

Дека убавата Даша ужива во Јадранот, покажуваат фотографиите што ги објави на Инстаграм. Таа со друштво се повози на велосипед низ островот.

фото:инстаграм

Потоа, заедно со саканиот се капат во морето.

Инаку, Даша и Ставрос се свршија на забава во Њујорк, чиј домаќин беа Лив Тајлер, Дејвид Бекам и многу други познати личности. Инаку, парот, наводно, започнал да се дружи кон крајот на 2017 година, многу наскоро откако Даша се разведе од Роман Абрамович, по 10 години брак.

фото:инстаграм

– Двајцата решија да стапат во брак на крајот на годината. Тие сè уште не се согласиле за сите детали – цитира изворот за магазинот „The Sun“.

To top