Џенифер Лопез веќе на големо работи на светска турнеја. Неодамна настапи во Москва и имаше успешен концерт, каде се расплака пред 25.000 Руси.
По повод брилијантната изведба на својата сакана во руската престолнина, се огласи нејзиниот свршеник Алекс Родригез.
Поточно, тој на Инстаграм објави жешка фотографија од Jенифер Лопез на која позира во минијатурно бело бикини.
– Душо, знам дека „убиваш“ во Русија и имаш уште еден концерт до крајот. Ми недостигаш, не можам да чекам да се вратиш – напиша поранешниот бејзбол играч.
Но она што е дискутантно, не е коментарот на Алекс кој досега многупати јавно ги искажал своите емоции кон Џеј Ло, туку нејзиното ако воопшто може да се нарече бикини.
Ваков избор според многумина не и требаше, биудејќи толку и ги сплеска градите што изгледа како да ќе и „пукнат“ или воопшто да ги нема. Овој избор на бикини на повеќето не им се допадна. Што мислите?