Познатите личности на социјалните мрежи најчесто се претставуваат во најдобро светло.
Најчесто пред камерите изгледаат речиси совршено, модерно, со шминка и фризура.
Хрватската пејачка Нина Бадриќ важи за една од оние пејачки која нема проблем да се покаже и во природно издание односно без грам шминка.
Познато е дека таа е една од пејачките која својата кариера не ја градеше на скандали, а и многу ретко знае да се биде провокативна.
Многу јавни личности знаат да користат разни апликации како што е фотошоп, па се обидуваат да го корегираат некои делови на телото, а на крајот стануваат предмет на исмејување.
Тоа се случи и со Нина која на својот „Инстаграм“ објави фотографија која ја уредувала во некоја програма.
Имено, пејачката позира во цветен комбинизон пред фризерски, a бидејќи не се снашла во програмата, пејачката ја искриви вратата на фризерскиот салон.
Некои фанови не го забележаа ова, а на некои не им избега, па жестоко ја искритикуваа пејачката.
„Леле си намали 10 килограми во фотошоп“, „Види ја искривената линија“ се само некои од коментарите.