Денеска се одбележуваат шест месеци од смртта на легендарниот пејач Шабан Шаулиќ.
По тој повод семејството на пејачот се појави на гробиштата за да одбележи помен.
Сопругата на Шабан, Гордана Шаулиќ плачела покрај гробот на сопругот, а ќерката Санела преку очила за сонце се обидела да ги сокрие солзите.
На поменот присуствувале и кумовите на Шабан, Зорица Брунцлиќ и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, Дајана Пауновиќ, Саша Николиќ како и многу други пријатели и колеги на Шабан.
За потсетување, пејачот почина на 17 февруари во тешка сообраќајна несреќа во Германија.