Свршеницата на принцот Хари, актерката Меган Маркл, неодамна се откажа од социјалните мрежи, но тоа беше само почеток на нештата кои треба да ги промени во својот живот за да му прилега на кралското семејство.
Откако и официјално стана свршеничка на Хари, Меган е вклучена во разни протоколи кои се поврзани со кралското семејство, а отсега ќе мора многу повеќе да внимава на своето однесување, облекување итн.
- Кога се на вечера со кралицата, сите мора да престанат да јадат откако таа ќе го изеде последниот залак.
- Бидермаерот на жените кои влегуваат или веќе се дел од кралското семејството, мора да има гранче од мирта.
- Членовите на кралското семејство не смеат да даваат политички изјави.
- Ова е веројатно едно од најчудните правила кое веројатно честопати се прекршува, а истото вели дека членовите на кралското семејство не смеат да играат монопол.
- Членовите на кралското семејство не смеат да даваат автограми.