Радио Милева

Погледнете како ќе изгледа најавната шпица за новата сезона на „Беверли хилс“

Погледнете како ќе изгледа најавната шпица за новата сезона на „Беверли хилс“

Носталгијата за деведесетите, денес ја ставаме во петта брзина благодарение на римејкот на култната серија „Беверли Хилс 90210“. Истата ќе започне да се емитува на „Тв Фокс“ и досега во план се шест нови епизоди, од кои и всушност зависи дали новата верзија ќе добие цела сезона или ќе остане мал потсетник на телевизискиот феномен кој остави белег низ генерациите.

Најавната шпица, музиката, кадрите и темата не враќаат во минатото.

„Сакавме да го оживееме она чувство кој го имаме кога се наоѓаме со драги и познати личности. Чувството на фамилија“ изјави Габриел Картерис која ја играше улогата на Андреа.

https://youtu.be/dTVUAC46qwg

Таа, Шенон Доерти, Џени Гарт, Брајан Грин, Џејсон Присли, Тори Спелинг и Иан Зеринг се во главните улоги на новата верзија „Беверли хилс“

„Немав намера да глумам во овој римејк, но кога почина Лук, почнав да ги гледам работите од друга перспектива. Ова го правам во негова чест“ изјави Шенон.

фото: Принтскрин

Актерите во серијата ќе бидат во улога на себе си, а не на ликовите преку кои се прославија. Серијата е замислена како своевидна пародија на нивните животи, па така на пример, Тори Спелинг во новите епизоди ќе има финансиски проблеми (добро познато е дека актерката во вистинскиот живот банкротираше неколку пати).

To top