Радио Милева

Снаата на Ѓоковиќ во прегратка со Џенифер Лопез: Останала без текст поради она што го направила светската ѕвезда! (фото)

Снаата на Ѓоковиќ во прегратка со Џенифер Лопез: Останала без текст поради она што го направила светската ѕвезда! (фото)

Тијана Ралиќ е позната во јавноста по емотивната врска со најмладиот брат на најтрофејниот тенисер на Србија, Новак Ѓоковиќ, Ѓорѓе Ѓоковиќ. Ѓорѓе и Тијана веќе неколку години уживаат во љубовта.

Сепак, младата Тијана денес го привлече вниманието на јавноста не само поради нејзината врска, туку и заради друштвото на светски познатата пејачка и актерка со која се фотографираше.

фото:инстаграм

Поточно, Тијана беше на концертот на Џенифер Лопез, а заради специјалниот билет за „ВИП“ што си го дозволи, младата убавица имаше можност лично да ја запознае пејачката и да се фотографира со неа.

Дека на нејзината среќа немало крај, сведочат и нејзините објави што следуваа, во кои Тијана објасни дека на пејачката и се допаѓа нејзината споделена фотографија.

фото:инстаграм

“Луѓе, ако некој ми рече дека ќе пијам и ќе разговарам со оваа божица, јас само ќе се смеев. Засекогаш ќе се сеќавам на оваа вечер”, напиша таа на Инстаграм.

To top