Радио Милева

Корисниците на социјалните мрежи ја исмејаа Весна Џогани поради заедничка фотографија со сопругот

Корисниците на социјалните мрежи ја исмејаа Весна Џогани поради заедничка фотографија со сопругот

Весна Џогани стана предмет на исмејување на социјалните мрежи бидејќи додека се фотографираше со сопругот таа се наведна за да биде на иста висина како Џогани.

Најверојатно на Џоле не му пречи што Весна е повисока од него, но изгледа дека на пејачката не и е пријатно.

Затоа на една од последните фотографии која ја објави на социјалните мрежи таа се свитка во положба на камила.

фото: Принтскрин

Овој нејзин гест стана предмет на исмејување на Твитер. Еден корисник напиша дека и нејзините другарки се чувствуваат лошо како  Весна, па позираат подграбавено.

„Вака една моја другарка која се слика со момчето од кое е повисока, буквално што и фали само да ископа дупка за да не се види разликата“, напиша еден корисник и предизвика лавина од коментари.

Инаку, профилот на Весна е полн со заеднички фотографии, а Весна често добива комплименти за нејзиниот изглед.

 

 

To top