Македонската фолкерка Татјана Лазаревска заедно со своето семејство веќе неколку години живее во Австралија.
Пејачката таму го користи времето за настапи пред нашите иселеници, но и да ужива во семејната идила.
Меѓутоа, кога доаѓа летниот период, Лазаревска си ги пакува куферите и правец на аеродром, а отаму право во Македонија.
Така, пред некој ден фолерката прати поздрав од скопксиот аеродром и се најави дека пристигнала.
Таа времето во Македонија го користи за настапи, но и за дружба со пријатели, роднини,колеги….
Додека многу од нејзините колеги се кријат и се недостапни, па до нив многу може ретко да се дојде, Лазаревска е отворена за комуникација.
Имено, таа на својот „Фејсбук“ профил јавно си го објави својот македонски број.
„079/312-616 е мојот македонски број за пријатели“ напиша фолкерката. Па, оние кои сакаат да ја слушнат и да ја видат ќе може да ја побарат на телефонскиот број, а Лазаревска на својот „Фесјбук“ се пошегува дека за непријателите е истиот број само наопаку.
Дали Лазаревска ќе добие повик за кафе – муабет или за некоја соработка останува да видиме, а оние кои ја слушаат може да ги посетат нејзините настапи во Македонија.