Неполна деценија откако поранешната пејачка Ноне Неделковска се збогува со музичката кариера и се посвети на работата на брод.
По осум години работа на море Ноне напредуваше и стигна до позицијата советник за убавина на фришоп која носи поголема одговорност.
Иако постојано е на различна дестинација од светот, таа е во постојана виртуелна комуникација и активност со своите роднини, пријатели, следбеници, а не ретко знае да си дојде во родното Велес.
Од неодамна е во нова љубовна врска која извесен период ја сокриваше од јавноста, но сега јасно покажува дека е силно вљубена во своето момче Урош.
На нејзиниот профил на социјалните мрежи осамнаа нови галерија фотографии кои настанале на бродската палуба. Сјајот од сончевите зраци блеска во нејзите очи, а особено нагласен е сексапилот и женственоста кои ги нагласи во црно маки-сако под кое наѕира градникот од тантела и бујните гради.
Во врска со работата на брод Ноне неодамна за „Женски магазин“ изјави:
„ Веќе осум години работам на брод, само што сега имам поголема одговорност како менаџер, не е лесно различни националности и култури да усогласиш да работат со иста енергија, разбирање и почит. Денот ми завршува исто како што ми почнува, се трудам да ја намалам динамичноста кон крајот на денот и да ја поминам вечерта во мирна и тивка атмосфера“, раскажа Ноне.